Дома Музеј Видео разгледница – Одиме во музеј со Ана

Видео разгледница – Одиме во музеј со Ана

53 views
0

Драги деца,

Нашите музеи во Македонија се надеваат на многу нови средби, дружење и учење преку предметите во нивните поставки. Ова видео кое има промотивна и едукативна намена, изработено е од Музејот во Битола. Направено е по повод одбележувањето на Европски денови на културно наследство во 2020 година. Во него е објаснето како функционираат музеите за време на пандемијата со ковид-19, бидејќи беше многу тешко да се посетуваат или тоа се правеше со специјален протокол.

„Во видеото се прикажани моменти од интерактивните едукативни работилници “Учиме за нас” што се организираат во НУ Завод и музеј Битола, како и организираните посети на повеќе споменици на култура низ Битола. Погледнете како се однесуваат љубопитните дечиња, почитувајќи ги протоколите за заштита од Ковид 19, со надеж дека наскоро ќе се вратиме на нормални услови кога музејот беше исполнет со деца“ – За ХАЕМУС изјави Д-р Ирена Ружин, раководител на едукативните проекти од НУ Завод и музеј Битола.