Дома Наследство Што означува амблемот Патримонито

Што означува амблемот Патримонито

148 views
0

Патримонито е амблемот на светското наследство. Ја симболизира меѓусебната зависност на културните и природните локалитети.

Самиот амблем има во средината квадрат и тоа е облик што го формираат луѓе, а додека пак кругот ја претставува природата, укажувајќи дека и двете се тесно поврзани и не можат едни без други.

Амблемот е тркалезен, исто како и светот, но во исто време ја симболизира и заштита. Како се случило тоа? Патримонито е „роден“ на Првиот светски младински форум за светското наследство, кој се одржал во Берген (Норвешка), во 1995 година. Го создала група ученици кои зборувале шпански, но имале голема желба да создадат лик со кој би можеле да се идентификуваат.

Патримонито на шпански јазик значи „малечкиот чувар на наследството“ и овој лик претставува млад помагач во чувањето на наследството. Патримонито е широко прифатен и како меѓународна маскота на Програмата за светско наследство на УНЕСКО. Тоа значи, секојпат кога ќе го видиш овој знак, треба да знаеш дека младите се тие кои се грижат за некое одредено наследство, независно дали е природно или културно. Ако толку многу сакаш да придонесешсите да знаат за твоето наследство, можеш да го најдеш Патримонито во добра резулуција на сајтот на УНЕСКО. Испечати го и од него направи си беџ. Така сите ќе знаат колку многу сакаш да го заштитиш и промовираш твоето локално наследство.