Дома Природни науки Скопје: палеонтолошки град – едукативна боенка за деца

Скопје: палеонтолошки град – едукативна боенка за деца

220 views
0

Деновиве во издание на ХАЕМУС, а во рамките на едицијата „Млад истражувач“, публикувавме едукативна боенка насловена како „Скопје: палеонтолошки град“.

Ако сакаш да го откриеш светот на палеонтологијата, да научиш за диносаурусите, мамутите и многу други животни кои се одамна изумрени, оваа боенка на многу интересен начин ќе те воведе во живиот свет во минатото. Ќе дознаеш што се фосили, како да ги најдеш и препознаеш, на кој начин се врши нивното истражување од страна на палеонтолозите, местата во Скопје кадешто се пронајдени нивните остатоци и се разбира, каде можеш да ги видиш тие фосили, откако се ископани.

Како основа за илустрациите се земени вистински фосили кои може да се видат во Природонаучниот музеј во Скопје. Фосилите во природна големина и оживеани може да ги посетиш и во Дино паркот во Скопје. Затоа оваа боенка е важна, бидејќи ќе можеш веднаш да ги препознаеш. Во тие тајни ќе те воведат Ана и Јане, кои како млади палеонтолози истражувачи, се обидуваат да ти помогнат во твоите сознанија за оваа наука.

Автор на оваа боенка е Билјана Гаревска, магистер по палеонтологија, илустрациите се на младата Бисера Наумовска, а уредник е Василка Димитровска.

Боенката можеш да ја купиш тука.