Дома Лов на богатство Лов на богатство – едукативна активност за сите млади истражувачи

Лов на богатство – едукативна активност за сите млади истражувачи

155 views
0

Во изминатиот период реализиравме неколку проекти за млади истражувачи во форма на тури низ разни локации на Скопје, коишто како дел од активностите вклучуваа возбудливи „Ловови на богатство“

Ве покануваме да ѕирнете дел од нашата супер забавна „Пешачка тура низ Скопје“ во комбинација со „Лов на богатство“, која беше збогатена со примамливи награди за победниците. Додека ја создававме и визуелизиравме оваа едукативна игра, ја тестиравме како дел од неколку Еразмус+ КА229 проекти во којшто учествуваа ученици од неколку основни училишта од Европа. Во една од овие размени на ученици во рамките на проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ (Young journalists today – responsible digital citizens tomorrow), присуствуваат ученици и наставници од партнер-училиштата од Хрватска, Романија, Србија и Македонија.

Пишете ни и ние ќе ја заскокоткаме вашата љубопитност со нашиот „Лов на богатство“ низ Скопје кој го создадовме за ученици но и за возрасни, а исто така може да се прилагоди како за поединци, така и за помали или поголеми групи.