Дома Видео Направи си свој куклен театар со историски фигури од хартија

Направи си свој куклен театар со историски фигури од хартија

264 views
0

Ова лето ќе работиме на создавање историски кукли од хартија коишто ќе можат да се обојат, спојат и од нив да се направи мал куклен театар.

Многу е лесно е да се направи историска кукла од хартија. Секако, пред да започнете, потребно е да ги имате следниве материјали: боички, фломастери или маркери за боење, ножици се сечење, дупчалка и мали сврзувачки елементи од месинг со кои нема да се повредите а куклите од хартија ќе може да се движат во многу правци. Имајте предвид дека овие сврзувачки елементи ги нема во книжарите низ Македонија, но ние можеме да ви помогнеме и да ви ги обезбедиме.

Ќе се обидеме да ја оживееме нашата Пајонска свештеничка. Дотогаш, набави си ја нашата „Праисториска читанка и вежбанка за млади истражувачи“ и научи нешто повеќе за железното време во Македонија.

За кого се наменети овие историски кукли од хартија кои се составени од повеќе елементи?

За деца и млади …
Затоа што на овој начин преку куклите од хартија ќе можете да ги научите најважните луѓе од древно време па сѐ до денес, а потоа ќе ја употребите вашата фантазија за да ги оживеете. На овој начин ќе патувате низ времето со вашите подвижни историски личности додека ги прикажувате вистинските приказни од историјата или пак измислувате свои. Може и да се обидете се да создадете видео клип со анимација и со стоп движење со помош на магнети, филц и многу други материјали, како што тоа го направивме ние.

За родители и воспитувачи…
Овие историски фигури од хартија ја инспирираат фантазијата и креативноста на децата, без разлика дали е некој желен ученик кој постојано сака повеќе да научи или колеблив ученик на кој му треба одредена мотивација за учење. На овој начин се изоструваат способностите на децата и младите за раскажување приказни и се развиваат фините моторни вештини преку серија на активности од создавање, преку спојување на овие кукли од хартија како и нивното оживување со сопствена приказна.

Ќе може да си го обоите и споите Тутанкамон – еден од најпознатите египетски владетели

За музеите и историските реконструкции…
Децата и младите но и сите заинтересирани може да се информираат и едуцираат за некоја конкретна личност од минатото додека посетуваат колекција или специјалната изложба во блискиот музеј. Дозволете им на децата да си понесат сеќавање од нивното искуство во вашиот музеј со познати личности од минатото. Едукацијата преку забава е најдоброто нешто кое може да му се случи на секој посетител.