Дома Географија Едукативна тура на архео-астрономскиот локалитет Кокино со млади истражувачи

Едукативна тура на архео-астрономскиот локалитет Кокино со млади истражувачи

86 views
0

На 27.08.2022 година организиравме една едукативна тура на архео-астрономскиот локалитет Кокино, која се претвори во посебна тура со млади истржувачи поради исклучителното внимание и интерес на младите од Македонија и Италија коишто пристуствуваа на овој наш вреден локалитет.

Ние и претходно сме реализирале разни видови на едукативни тури за Кокино. Пред извесно време имавме проект со Меѓународните учлишта НОВА, за чија цел изработивме специјални картички кои послужија како основа за Kokino Treasure Hunt заедно со квиз. Од самата едукативна тура со младите истражувачи од НОВА подготвивме и видео кое набрзо ќе го споделиме.

Сите млади истражувачи се забавуваа а притоа научија и многу работи како на пример: на кој период припаѓа Кокино, кои други светски локалитети се од истото доба, колку сонца цртале на керамитките древните луѓе од Кокино, колку престоли има на главната платформа и на кој престол точно паѓал првиот сноп светлина за време на летната долгодневица што овие стари народи ја набљудувале. Научивме и многу други работи, за да ја знаеме вистинската вредност на нашето Кокино. На крајот имавме и квиз со награди, а потоа се одморивме и се вративме во Скопје.