Здраво,
доколу имаш инспирација од областа на културното наследство, религиите, старите цивилизации, од некое твое патување, некое доживување, можеби текст, песна, креативна игра или пак сакаш да споделиш со другите свои размисли за науката, светот и сѐ она коешто нѐ опкружува, можеш секогаш да ни пишеш на нашиот мејл. Нашата редакција ќе го разгледа твојот предлог и ќе ти кажеме на кој начин би можеле да го објавиме твоето оригинално дело. Објавувањето на твојата креативна содржина не е ограничено само на нашиот сајт, туку ќе се сподели и на сметките на нашите социјални мрежи Фејсбук и Инстаграм кои одат под мототo на „Млад истражувач“.