Description
За ХАЕМУС и обичајот „Мартинки“
Обичајот „Мартинки“ во 2017 година се впиша во Репрезентативната листа на УНЕСКО. Македонскиот дел од апликацијата се темели и на поддршката која во писмена форма ја даде ХАЕМУС, со што како организација стана носител на ова културно наследство од Македонија во УНЕСКО. ХАЕМУС ги почитува мартинките како светско нематеријално културно наследство и ги негува во духот на традицијата, во сите облици и начини кои би придонеле за нивната поширока промоција. Со цел визуелно да ја презентира практиката на изработка и дарување мартинки на своите најблиски, создадовме креативна илустрирана читанка за млади на македонски јазик, но достапни се и верзиите на албански, турски и англиски јазик за обичајот „Мартинки“, како и две боенки за деца на македонски и англиски јазик.