Home Традиционален накит Мартинки за машки

Мартинки за машки

100,00 ден

Рачно изработени мартинки од тимот на ХАЕМУС, којшто е носител на Обичајот „Мартинки“ во УНЕСКО. Мартинката доаѓа спакувана во фолија со картичка на којашто се сите информации за понатамошно истражување.

Ве молиме при купувањето наведете го точниот модел!

Време на испорака 5-7 работни дена.

5 in stock

Description

За ХАЕМУС и обичајот „Мартинки“

Обичајот „Мартинки“ во 2017 година се впиша во Репрезентативната листа на УНЕСКО. Македонскиот дел од апликацијата се темели и на поддршката која во писмена форма ја даде ХАЕМУС, со што како организација стана носител на ова културно наследство од Македонија во УНЕСКО. ХАЕМУС ги почитува мартинките како светско нематеријално културно наследство и ги негува во духот на традицијата, во сите облици и начини кои би придонеле за нивната поширока промоција. Со цел визуелно да ја презентира практиката на изработка и дарување мартинки на своите најблиски, создадовме креативна илустрирана читанка за млади на македонски јазик, но достапни се и верзиите на албански, турски и англиски јазик за обичајот „Мартинки“, како и две боенки за деца на македонски и англиски јазик.