Home Боенка Обичајот „Мартинки“ – боенка за деца

Обичајот „Мартинки“ – боенка за деца

150,00 ден

За ХАЕМУС и обичајот „Мартинки“

Обичајот „Мартинки“ во 2017 година се впиша во Репрезентативната листа на УНЕСКО. Македонскиот дел од апликацијата помеѓу другото се темели и на поддршката која во писмена форма ја даде ХАЕМУС, со што како граѓанска организација стана носител на ова културно наследство од Македонија во УНЕСКО. ХАЕМУС ги почитува мартинките како светско нематеријално културно наследство и ги негува во духот на традицијата, во сите облици и начини кои би придонеле за нивната поширока промоција. Со цел визуелно да ја презентира практиката на изработка и подарување мартинки на своите најблиски, со тимот на ХАЕМУС изработивме креативни боенки за деца. Оваа боенка за обичајот „Мартинки“ е достапна на македонски и англиски јазик, а достапни се и визуелна креативни читанки на македонски, албански, турски и англиски јазик.

🎁 Подарок: Со секој купен производ следи гратис рачно изработена мартинка од тимот на ХАЕМУС

Наслов: Обичајот “Мартинки” – креативна боенка за деца
Автор: Василка Димитровска
Издавач: ХАЕМУС
Година на издавање: 2021
Јазик: Македонски
Број на страни: 20
Формат: 210мм х 297мм
ISBN: 978-608-65538-7-6
COBISS.MK-ID: 53166341

Category:

Description

 

 

Additional information

Color

Blue

Reviews

There are no reviews yet.

Only logged in customers who have purchased this product may leave a review.