Home Мапа Скриените кодови на леденото доба

Скриените кодови на леденото доба

120,00 ден

Сакаш да дознаеш за првите уметнички дела што ги создал човекот на ѕидовите од пештерите, како ги претставувал животните коишто го опкружувале и знаците со кои комуницирале древните луѓе помеѓу себе? Оваа мапа ќе ти овозможи да научиш точно 32 симболи кои се повторуваат на сите континенти во периодот на каменото доба. Голем дел од овие симболи се сретнуваат и во Македонија на предмети откриени од праисторијата, а истите тие предмети може да се погледнат во поставките на најблиските музеи.

Мапата содржи и археолошка вежба која ќе ја разбуди твојата креативност и фантазија, а доколку сакаш да научиш уште повеќе за овој период, веројатно ќе те интересира и нашата „Праисториска читанка и вежбанка“, како и „Археолошка тетратка и инвентарна книга“, обете создадени за млади истражувачи како тебе.

Наслов: Скриените кодови на леденото доба
Автор: Василка Димитровска
Издавач: ХАЕМУС
Година на издавање: 2021
Формат: 148мм х 210мм
Доработка: Заштитена со двострано ламинирање

Во цената е вклучена испораката низ Македонија!

Category: