Дома The Martinki Custom – coloring book

The Martinki Custom – coloring book

За ХАЕМУС и обичајот „Мартинки“

Обичајот „Мартинки“ во 2017 година се впиша во Репрезентативната листа на УНЕСКО. Македонскиот дел од апликацијата помеѓу другото се темели и на поддршката која во писмена форма ја даде ХАЕМУС, со што како граѓанска организација стана носител на ова културно наследство од Македонија во УНЕСКО. ХАЕМУС ги почитува мартинките како светско нематеријално културно наследство и ги негува во духот на традицијата, во сите облици и начини кои би придонеле за нивната поширока промоција. Со цел визуелно да ја презентира практиката на изработка и подарување мартинки на своите најблиски, тимот на ХАЕМУС изработи илустрирани читанки за деца. Оваа визуелна кретаивна читанка е на македонски јазик, но достапни се и верзиите на албански, турски и англиски јазик за обичајот „Мартинки“, како и две боенки за деца на македонски и англиски јазик.

🎁 Подарок: Со секој купен производ следи гратис рачно изработена мартинка од тимот на ХАЕМУС

Наслов: Обичајот “Мартинки” – креативна читанка за деца
Автор: Василка Димитровска
Издавач: ХАЕМУС
Година на издавање: 2021
Јазик: Англиски
Број на страни: 20
Формат: 150мм х 150мм
ISBN: 978-608-65538-7-6
COBISS.MK-ID: 53166341